Дневен ковид биланс: Нови 168 заразени и 7 починати

Во изминатото деноноќие во Република Македонија регистрирани се 168 нов случај на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 218.362.

Во истиот период пријавени се 7 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.695.

Институтот за јавно здравје регистрира 275 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 204.960.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.707.

Постави одговор

Your email address will not be published.