Денес се празнува Свети Сава

Денес се празнува Свети Сава, првиот српски архиепископ. Бил син на великиот жупан Стефан Немања. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон. Свети Сава се упокоил во 1236 година.

Св. Сава често се среќава како лик во српското народно творештво, каде што тој е претставен како благороден, праведен и мудар светец кој им помага на сиромашните и несреќните.

Постави одговор

Your email address will not be published.