Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови заради штрајк

Машинскиот и извршниот персонал во Железници Транспорт од вчера изутрина почна со штрајк заради неисплатен втор дел од платата за декември минатата година.

Раководството на пратпријатието најавува исплата на вториот дел од платата за утре, но персоналот е дециден и продолжуваат со штрајкот се до исполнување на нивното барање, кое се темели на Одлуката донесена на 2 ноември 2021 година дека нема да ги извршуваат работните обврски ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.

Прекин на работата имаше и во август и ноември мината година.

Постави одговор

Your email address will not be published.