Сеќавање на Миле Поп Јорданов
На денешен ден 1902 год убиен е Миле Поп Јорданов. Предаден е од кодошот Тасе Коцкарот.
Миле Поп Јорданов ( Велес 1879 – Велес, 22 декември 1902) — македонски револуционер и просветен деец, учесник во македонското револуционерно движење, член, секретар и војвода на ТМОРО, брат на познатиот велешки гемиџија Јордан Поп Јорданов – Орцето. Во негова чест е испеана познатата народна песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, која денес е и официјална химна на градот Велес.
…Бог да го прости Миле Поп Јорданов,
Миле Поп Орданов за Народ загина,
за народ загина, за Македонија…