Да отвориме очи – статус на Сашо Тасевски

Поранешниот „рушач на режимот“, а сега дежурен критичар на сегашната власт, повторно се јави на својата Фејсбук страна со интересен статус, кој го пренесуваме во целост:

“Да отвориме очи. Во исто време кога Бугарија и подаде рака на Албанија за влез во ЕУ, почна притисокот да сме сменеле устав за да влегле и Бугарите во него како рамноправен народ, оти човековите права им биле загрозени.Истата формула што ја туркаат Албанците 50 години. Загрозени човекови права. На таа приказна децении го лажеа светот и ги криеја своите фетиши за Голема Албанија.Истата формула сега ја преземаа Бугарите.Тоа кажува дека Бугарите и Албанците работат координирано на поделба на ова парче територија. И никој не може да ме убеди дека тоа не е така. Затоа ќе ги слушаме платениците на Софија овде како бараат промена на уставот за Бугарите да добијат повеќе права кои ги имаат, но за нив е најважно да добијат право на територијата, ѓоа и они вековно да сонувале за независна Македонија со илинденците и асномците. Да повратиш од нивната подмолност и цинизамИ кретениве наши предавнички тоа го гледаат и ќутат.А што е со правата на Македонците во Бугарија. Што не сменат и они устав па да влезат во него Македонците како рамноправен народ. Што не ги регистрираат македонските здруженија таму?Уште ги пуштиле на најјако нивните агенти кои живеат овде да бараат промена на устав.Тие говеда треба одма да ги поапсите и да ги обвините за обид за рушење на Уставниот поредок на Македонија”.

Линк до постот: https://www.facebook.com/sasho.tasevski