Тешкиот период на наставниците

Пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Бети стаменкоска Трајкоска, на својот Фејсбук профил ја прикажа суровата реалност во која се наоѓаат наставниците во Република Македонија.

„Почитувани наставници, вие сте во “тежок период” кој лично ви посакувам во најдобро здравје да го поминете.

Кој е тој тежок период за кој зборувам?

-Исправени во предизвикот целиот ваш труд и трудот на вашите ученици, од ова полугодие да го пишете во една оценка.

-Предизвикот да се надминат сите желботеки на околината.

-Предизвикот административно исправно да се преживее во овој НЕисправен РЕД.

-Предизвикот да се преживеат празниците со скромниот надоместок кој го има наставникот.

-Предизвикот Е-ДНЕВНИК да се пополни, а тој како по навика…не работи.

Уште многуте предизвици кои вообичаено ве тераат од НИШТО да направите НЕШТО, ви посакувам храбро да го поминете, како и секогаш кога доаѓа овој период пред Вас.

Реалноста за е.дневник:

Целиот статус можете да го проследите на следниот линк:

https://www.facebook.com/betistamenkoska

Постави одговор

Your email address will not be published.