Строгиот центар во Скопје без струја – не работат и семафорите

Веќе од 8 часот сабајле строгиот центар во Скопје е без електрична енергија, а со тоа не работат и семафорите. Немањето електрична енергија е најавено од ЕВН и според нивното соопштение тоа ќе трае до 15.30 часот.

Од јавното Претпријатие „Улици и патишта“ упатија повик до Министерството за внатрешни работи да не дозволи да се направи сообраќаен метеж во градот.

Такво нешто се случи на 7ми декември, кога Скопје беше неколку часа буквално парализирано заради неработењето на семафорите.

Постави одговор

Your email address will not be published.