Збогум и за Царовска
По најавата на Радмила Шеќеринска, министер за одбрана, за одлука за повлекување и неучествување во идната влада, денес јавноста ја информираше и министерката за образование Мила Царовска дека и таа ја донела истата одлука за неучество во идната влада чиј мандатар треба да биде новоименуваниот претседател на СДС – Димитар Ковачевски.
И покрај нејзината изјава дека „испорачале политики во интерес на граѓаните“, огромен е бројот на незадоволни родители и наставници кои се против реформите на Царовска за укинување на учебниците и воведување т.н. дигитално образование, кое рака на срце, не подразбира само учење од скенирани учебници кое во моментов е такво, туку многу посуштинска и подлабока реформа и воведување на онлајн ресурси со кои на учениците ќе им биде овозможен пристап до вистинско дигитално образование преку веб страни преку кои тие навистина би можеле да го прошират своето знаење преку истражување.
На многу голем отпор во јавноста наисе и нејзиниот обид за вметнување сеопфатно сексуално образование во основнот образование, кое многу од родителите и наставниците го сметаат за скандалозно.
Останува да видиме кој ќе биде насленикот на Царовска, ако се знае дека нов заменик министер за образование ќе биде Лулзим Алиу од „нововлезените“ во владата Алтернативци.