Европа ги менува правилата за влез во државите, кај нас нема нови рестриктивни мерки

Европската медицинска агенција соопшти дека случаите на Омикрон досега се чинат „претежно лесни“, но предупреди дека се уште се истражува дали варијантата би можела да предизвика тешка болест.
„Повеќето случаите делуваат благи, но сепак ни се потребни повеќе докази за да утврдиме дали спектарот на тежина на болеста предизвикана од Омикрон е различна од сите варијанти кои циркулираа досега“, изјави Марко Кавалери, првиот човек на ЕМА за биолошки здравствени закани и вакцинална стратегија.

Европа ги заострува рестриктивните мерки за влез во државите по се поголемото ширење на Омикрон варијантата на КОВИД-19 вирусот.

Грција веќе не ги признава сертификатите со кои се докажува дека патникот е вакциниран, за влез во државата сега е потребен исклучиво само негативен ПЦР тест. Бројот на заразени во Велика Британија расте секојдневно и Германија воведе забрана за влез на државјани од Велика Британија. Холандија оди во двонеделен целосен локдаун.

Нашите власти не гледаат причина за загриженост и потреба од заострување на мерките при влез во државата, а ниту воведување на други мерки низ државата, а ни претстојат новогодишните и божиќните празници.

Инаку, билансот за денес во Македонија е 190 новозаразени и 14 починати,

Постави одговор

Your email address will not be published.