Сонцето од Кутлеш – историско знаме на Македонија

Сонцето од Кутлеш

На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено државното знаме – Сонцето од Кутлеш, историско знаме на Македонија и национално етничко знаме!

Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста на симболот за македонскиот народ сведочат и голем број на икони во кои се нацртани 16- краки ѕвезди или во поупростената верзија- ѕвезда со осум краци.

Во 1995 година, знамето беше сменето со стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет.

Оспорувано и забранувано, сепак се веело и ќе се вее!