Повисока плата од 30% за административците со зголемен обем на работа и К-15!
На над 20.000 службеници во јавната администрација ќе им се исплати регрес за годишен одмор или популарното К-15, кое во државата на административците ќе им се исплаќа за прв пат во последните 25 години.
А со Уредба донесена на седница на Влада, донесена е одлука за зголемување на платите на дел од вработените во јавната администрација, до 30 отсто од редовната плата, што би важело за оние работници кои ќе имаат зголемен обем на работа, или се истакнале во кризни ситуации, како на пример онаа со ковидот или со пожарите.
На кој начин ќе утврди Владата кој административец имал зголемен обем на работа сеуште не е јасно. Или списоци ќе добиваат од Директорите. Коментарите на социјалните мрежи се „и ако ова не е предизборен поткуп, не знам што е“, „да живеат кишките“….