Не бил редар!

А што е обичниот народ, Вицепремиере???

По жестоките реакции во јавноста по повод прославата на 20 годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, се откажува само најавениот концерт, а главната прослава сепак ќе се одржи . Присутни ќе бидат околу 200 гости.

Симптоматично е што за само два дена од прославата, на сила ќе стапат рестриктивни мерки со кои се забрануваат настани во затворено, но и за кои се бара сертификат за вакцинација. Се манипулира ли со јавноста, нека проценат самите читатели.

Инаку на прашање дали гостите ќе бидат вакцинирани, вицепремирот Артан Груби, тој рече дека „не бил редар за да бара сертификати и дека за почитувањето на протоколите е задолжен организаторот, а не лично тој, но и дека бил во постојана консултација со Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје – Скопје.“.