Талибанците започнаа повеќечасовен напад врз северниот авганистански град Мазар-е-Шариф. Владата, исто така, ја загуби контролата врз провинцијата Логар, јужно од Кабул.
Американските маринци се вратија во Кабул за да помогнат во евакуацијата на персоналот на амбасадата.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани се надева дека ќе ги покрене вооружените сили на земјата додека талибанските борци се приближуваат до Кабул.
„Во сегашната ситуација, ремобилизацијата на нашите безбедносни и одбранбени сили е наш врвен приоритет и се преземаат сериозни чекори во овој поглед“, рече тој во телевизискиот говор.
Гани, исто така, вети дека нема да се откаже од „достигнувањата“ во последните 20 години, додавајќи дека се одржуваат „консултации“ за да се обиде да стави крај на конфликтот.
„Како историска мисија, нема да дозволам наметнатата војна врз луѓето да предизвика повеќе смртни случаи“, рече тој, изгледајќи мрачно и седејќи пред авганистанско знаме.
„Затоа, започнав обемни консултации во владата со старешините, политичките лидери, претставниците на луѓето и меѓународните партнери за постигнување разумно и сигурно политичко решение во кое се предвидува мирот и стабилноста на народот во Авганистан“.