Дискотека Аватар во Струмица – за нив не важат корона мерки

Денес на социјалните мрежи се појавија фотографии од синоќешната журка во дискотеката Аватар во Струмица, каде настап имаше Јелена Карлеуша и каде што се гледа присуство на огромен број луѓе, според слободните проценки околу 5000 посетители.

И не е само вчера. Струмичани велат дека такви журки има постојано и дека таму не важат корона мерки и заштита и дистанца или 30% исполнетост на капацитетот на затворен простор како што важат за сите останати угостителски објекти, што е и очигледно од сликите по социјалните мрежи.

И за вечерва е закажана журка со настап на Влатко Лозаноски, во сабота со Мирза Селимовиќ, а во недела Исак Шабановиќ.

Што ти значи да си роднина со премиерот и да си заштитен од законот, каде апсолутно никој ништо не ти може, а полицијата и Државниот пазарен инспекторат се слепи и глуви – исто како и минатата година кога постојано имаше журки во Аватар. Некое штуро соопштение колку да се „замачкаат“ очите на јавноста и толку.

Не е за џабе народната поговорка „за некого мајка, за некого маќеа“!

Постави одговор

Your email address will not be published.