Слабите кадри на власта на дело – Новиот министер Бочварски не знае кога ќе заврши автопатот Кичево-Охрид кој стана историски за граѓаните

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, не е сигурен кога ќе биде пуштен во употреба, односно кога ќе заврши изградбата на автопатот Кичево – Охрид, кој започна да се гради во 2014 и државата ќе ја чини 600 милиони евра, пренесува Фактор.

Како што спомена министерот, не може да се обврзува со давање на рокови за делницата од 55 километри, но вели дека динамиката на изградба е во нагорна линија.

– Таму процентот на реализација по првиот проект, таков каков што е, го знаете сите, многу го дискутиравме, е 85 проценти, но после репроектирањето и сите додатни работи што се случија како клучки и нови косини некаде процентот на реализација е 55 отсто. Вчера на терен во Кичево имавме 230 градежни машини и 820 инженери и работници на Кичево – Охрид. Сакам да нагласам дека динамиката оди по нагорен тренд, но треба да се направи експропријација на сите придружни делници, вели Бочварски.