Зоран Заев не кажува дали хациендата е на Вице Заев?!

По објавите од страна на бугарските медиуми во врска со хациендата на Халкикиди во Грција за која велат дека е во сопственост на Заеви, премиерот Зоран Заев не одговори дали истата е сопственост на неговиот брат Вице Заев.

За македонскиот премиер летово излегоа нови бомби од свиркачи во кои што во разговор со непознато лице, Заев вели „Јас имам 8.5 милиони евра капитал“. Но, Заев ниту во претходниот, ниту во сегашниот имотен лист не пријавил дека поседува капитал со толкава вредност, можеби затоа што се е на име на неговите родители, сопруга и депозитите кои пораснале на име на неговите деца.

Премиерот во новиот имотен лист не пријавил ништо ново, скоро ист е како тој во 2017 година. Откако е државен функционер Заев не поседува ни куќа, ни стан. Со новиот имотен лист зголемување има на депозитите на банкарските сметки на неговите деца во вредност од 2.681.043 денари и единствено пријавено повторно како негов личен имот е побарувањето во основ на заем во вредност од 4.300.000 денари.

Јавен интерес е за граѓаните да се знае блиските роднини на политичарите, особено оние за кои што со години наназад постојат сомневања за криминал и сомнителни тендери, на каков начин се здобиваат со имотот и што поседуваат. Но, Заев откако е државен функционер не пријавил никаков имот кој што го поседува брат му Вице Заев, за разлика од други пратеници на СДСМ кои во своите имотни листови го пријавуваат и имотот на своите браќа и сестри.

Заев исто како и за имотот и фирмите кои ги поседува неговата фамилија во Бугарија претходно зборуваше дека нема имот надвор од Македонија, сега вели дека нема имот во Грција, додека медиумите од соседството ја посочуваат фамилијата Заев како сопственик на неколку објекти на грчкото приморје.