Даниловски: Македонија бележи нагол пораст на новозаболени, хоспитализирани и починати од КОВИД-19

Вечерва епидемиологот Драган Даниловски гостуваше во „Само вистина“ каде што посочи дека последниве денови започна пак да се зголемува бројот на новозаболени од вирусот и на хоспитализирани.

„Од 27-ми септември Македонија забележува нагол пораст на регистрирани на заболени од КОВИД-19, но и на хоспитализирани. Бројот на хоспитализираните, а не бројот на позитивните кои што се утврдуваат е по релевантен, веродостоен показател за динамиката на епидемијата. Исто така параметар се и бројот на починатите. Бројот на починатите во последниве недели на некој начин имаше блага тенденција на опаѓање, мене тоа на некој начин ме натера да верувам дека започна да стивнува вирусот. Меѓутоа еве сега гледаме дека имаме веќе и зголемување на бројот и на починатите“, истакна Даниловски.

Даниловски додаде дека на светско ниво смртноста од КОВИД -19 е 3.02%, а во Македонија е повисока, пред некое време беше 4%, а сега се качува на 4.2% од вкупен број на регистрирани позитивни случаи.