Филипче демантиран од директорот на „8-ми Септември”, нема слободни болнички кревети

Бројот на новозаразени од Ковид-19 рапидно расте. Болниците во државава се преполни со пациенти. На сите инфективни одделенија во моментот се наоѓаат над 400 лица заболени од коронавирус, што е највисок број досега хоспитализирани пациенти.

Нема место во болниците во Прилеп, Струмица, Куманово и Велес за прием на пациенти заболени од Ковид-19.

И ковид центарот во болницата “8-ми Септември” е преполнет. Директорот д-р Христијан Костов за медиумите изјави дека во текот на вчерашниот ден примил безброј телефонски повици за да се хоспитализираат болни од коронавирус и сите ги одбил бидејќи нема повеќе болнички кревети.

И додека директорите на болниците алармираат дека нема веќе болнички кревети за заразените од Ковид-19, министерот за здравство Венко Филипче ја убедува јавноста дека болниците се во добра состојба и има слободни легла и за медиумите соопшти дека притисокот врз болничките капацитети е намален во инфективните одделенија низ државата.

Бројот на новозаразени рекордно се зголемува секојдневно во државата, а Филипче нема ниту план ниту стратегија за да се справи со здравствената катастрофа. Состојбата е сериозна, Европа и светот преземаат сериозни мерки, а како ние ќе се движиме зависи од работата на министерството за здравство.

А засега, министерот Филипче нема планови. Барем во најмала рака, на пример значаен број од обичните одделенија да се преадаптираат за третман на пациенти со ковид.

Постави одговор

Your email address will not be published.