ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја избра Жаклина Пешевска за претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, распишан е оглас за избор на претседатели на неколку комитети

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше своја редовна седница на која беше разгледана актуелната политичка ситуација во Македонија, но и општата закана по здравјето на граѓаните од корона вирус, која е причинета поради неспособноста на Заев и Филипче да менаџираат.

Дополнително ИК констатираше и дека Заев не води сметка за економската состојба на среден и долг рок. И преку константното задолжување, прво ги крши критериумите од Мастрихт, а следствено и ја загрозува ликвидноста и солвентноста на системот.

На седницата на ИК беа донесени и неколку кадровски одлуки.
За претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ беше избрана Жаклина Пешевска.

Пешевска е актуелен пратеник во собранието на Република Македонија. Доаѓа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба. А пред да биде избрана за претседател на Унијата на жени била член на ИК на Унијата на жени.
ИК донесе одлука и за распишување на јавен повик за кандидирање на претседатели на следните ОК:

Старо Нагоричане;
Пехчево;
Пробиштип;
Ранковце;
Гевгелија;
Неготино;
Новаци;
Ресен;
Струга;
Кичево;
Центар Жупа;
Дебар;
Гостивар;
Теарце;
Брвеница;
Боговиње;
и
Битола.
Процесот на внатрешно реструктурирање и реформи ќе продолжи и во наредниот период, се со цел јакнење на партиските капацитети.

Постави одговор

Your email address will not be published.