23-годишната скопјанка која почина од коронавирус била оперирана од тумор, а младата струмичанка имала заболување на тироида

Дваесет и тригодишната пациентка од Скопје која почина на Инфективната клиника по компликации од ковид-19 имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и Морбус-Кушинг ендоринолошко заболување, велат од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Таа била потврдена позитивна на 5 септември, а претходно 4 дена била со симптоми температура, кашлица и тешко дишење. Хоспитализирана е на 12 септември на Инфективната клиника во Скопје и веднаш класифицирана како тежок пациент, ставена на кислород. Ден пред да почине, состојбата на пациентката се влошила со пад на сатурација (заситеност на крвта со кислород), по што била ставена на неинвазивна вентилација (НИВ).

„Смртта настапила нагло“, велат оттаму.

За 29-годишната пациентка од Струмца, ни рекоа дека е почината во Клиниката Жан Митрев.

„Во епидемиолошкиот извештај на ИЈЗ стои дека имала заболување на тироидната жлезда“, велат од МЗ.

Двете млади лица се во денешниот извештај на Министерството за здравство, каде стои дека починатите се: од Крива Паланка (52), двајца од Гостивар (60 и 62, од Куманово (60), од Велес (70), двајца од Скопје (71 и 23), двајца од Струмица (29 и 44). Од нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.

Постави одговор

Your email address will not be published.