Чепреганов: Гоце Делчев е врзното ткиво на македонизмот, но за жал од власта гледаме разнебитување на се што е македонско

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше проф. Д-р Тодор Чепреганов при што посочи дека во моментов за жал се случува тотално разнебитување на се што е македонско.
„Ова што се случува сега е пријателство си уцени. Тоа не е искрено пријателство со соседите. Они сакаат преку уценување да го постигнат сето она што не успеале за овие 150 години да го постигнат. Значи сето она од негирањето на македонската нација, идентитет, јазик и култура, колективна меморија, јас би ја нарекол ова е последната сезона од серијалот од македонското прашање кое што трае 150 години и кој сега ќе ја има својата завршница. Меѓутоа за жал завршницата е во рацете на македонските политичари“, нагласи Чепреганов.

Чепреганов додаде дека периодов сме сведоци како бугарските политичари го интензивираат прашањето со Гоце Делчев.

„Гоце Делчев е врзното ткиво на македонизмот. Не можете на таков начин да расправате, не може да играте покер на маса и да надавате за историски личности и за настани од сопствената историја. Бугарите имаат своја колективна меморија, ние имаме своја колективна меморија. Македонците си имаат своја историја, Бугарите си имаат своја“, истакна Чепреганов.

Чепреганов рече дека во договори нема задоволување на двете страни, секогаш едната страна е незадоволна.