Хотел без ѕидови и без таван – Совршен за луѓето со авантуристички дух

Швајцарскиот хотел „Нул Штерн“ во превод (нула ѕвезди), е најуникатното нешто што сте го виделе и ги крши сите стереотипи за луксузните хотели ширум светот. Во него нема буквално ништо освен кревет и неколку масички. Нема врати, нема ѕидови, нема таван…неговата посебна совршеност е само неверојатен поглед на Алпите кој ќе ви го одземе здивот.
„Ги срушивме ѕидовите, така што ништо не може да застане помеѓу вас и вашето искуство“, вели еден од сопствениците.

Овој хотел е одлично место за туристите кои се љубители на авантурата и необичното искуство.
Хотелот се наоѓа на 6.463 метри надморска височина, во срцето на швајцарските Алпи. Цената на собата изнесува околу 188 евра од вечер.

Градежниците ја израмниле земјата за да вградат кревет, нема ѕидови, нема покрив, нема тоалет – само брачен кревет и неколку масички и ламби, а до јавниот тоалет се стигнува со 5 минути одење пеш.
„Нул Штерн“ нуди собна послуга во форма на личен батлер, кој живее во близина, во колиба.
Тој им готви појадок и вечера на гостите и оброците им ги носи во кревет. Резервациите може да се откажат во последен момент поради лошите временски услови. Вечер под отворено небо, под милијарда ѕвезди, е ноќ која ќе ве воодушевува цел живот.