Се празнува Св. пророк Захариј, таткото на Јован Крстител

Свети пророк Захариј е таткото на свети Јован Крстител.

Потекнуваше од свештеничкото Ароново племе. Син му Јован му беше даден кога тој и жена му Елисавета беа во поодминати години, како дете на верата, т.е. заради нивниот свет живот и цврстата вера во Бога.

Животот го заврши маченички, беше погубен од Иродовите војници покрај олтарот.