Во недела традиционално искачување на Кораб, планинарите – Не одиме бидејќи нема ознака на македонски јазик

Во недела е традиционалното 29-то искачување на врвот голем Кораб кој се наоѓа на 2753 метри надморска височина.

Организатор е Планинарскиот клуб „Кораб“ и се очекува голема заинтересираност за ваквиот настан.

Од друга страна, од планинарското друштво „Ај хов хајкинг груп“ реагираат дека нема да земат учество на ова искачување, затоа што на врвот нема табли на македонски јазик, туку само на албански и англиски.

-Како да славиме ден на независност на Македонија, на јазик кој не е наш!? Тоа е единствената причина што ние како клуб нема да се приклучиме на традиционалното искачување на голем Кораб и ги замолуваме нашите симпатизери да ја сфатат нашата реакција и да го применат единственото решение за да бидеме слушнати од институцијата која е задолжена за овој проблем, а тоа е ФПСМ (Федерација на планинарство на Македонија), да го реши нашиот, а и проблемот на сите кои живеат во Македонија. На највисокиот врв во Македонија да има обележје и на македонски јазик, велат од „Ај хов хајкинг груп“.

https://www.facebook.com/notes/i-love-hiking-group-macedonia/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%B0/10158547532379496/