ЈАПОНСКИ ПАЛАЧИНКИ – ВАШИОТ НОВ НЕОДОЛИВ ДЕСЕРТ

Палачинките се омилениот десерт на децата, но ги обожаваат и возрасните. Ги употребуваме и благи и солени во зависност од желбата за вкус. Покрај традиционалните палачинки сигурно сте пробале и амерички палачинки кои се помалечки од традиционалната палачинка. Јапонските палачинки наликуваат на американските, но се дупло подебели, а тестото е многу помеко. Пробајте ги:

Потребни состојки:

  • 2 големи јајца
  • 20 милилитри млеко
  • 40 грама брашно
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 3/4 лажичка прашок за печиво
  • 30 грама шеќер

Одделете ги жолчките од белките и измешајте ги со екстрактот од ванила, со брашното и со прашокот за печиво. Во друг сад изматете ги белките и шеќерот и додајте ја смесата во таа со жолчките. На крајот додајте го млекото и измешајте сè.

Оставете ја смесата да стои околу 15 минути.

На средна топлина, загрејте малку масло на голема тава. Истурете околу една четвртина од тестото во тавата, покријте го и почекајте околу пет минути додека не почнат да се формираат меурчиња. Тогаш палачинките се подготвени да ги превртите.

Традиционално, овие палачинки во Јапонија се служат со путер, но вие можете да ги сервирате со додатоци по ваш вкус.

Постави одговор

Your email address will not be published.