Хорор во Италија, до смрт избоден фудбалски судија

Фудбалскиот судија Даниеле Де Сантис, кој ја делеше правдата на натпреварите од италијанската Серија Б и Серија Ц, е пронајден мртов во неговиот дом во Лече, пренесува „Ла Република“.

-Еден 33-годишен маж бил избоден до смрт. Заедно со него е убиена и неговата девојка, 30-годишната Елеонора Манта. Соседите пријавиле дека слушнале вресоци, а потоа и еден човек кој трчал по улицата со нож во рацете, објавија тамошните медиуми.

Италијанската полиција започна истрага за овој трагичен настан.

Постави одговор

Your email address will not be published.

ZBOR.COM.MK