ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ ВО ТАГА: Осум фудбалери загинаа во страшна несреќа, моментите по трагедијата не се за оние со слабо срце

Голема трагедија го погоди фудбалскиот, спортскиот свет. Фудбалската асоцијација на Гана (ГФА) ја потврди трагичната несреќа која се случи во бизлија на Кумаси, во регионот Ашанти.

Автобусот, кој превезуваше млади фудбалери да се регистрираат за претстојната сезона, падна во реката Офинсо.

Осум млади фудбалери го загубија животот, а други 24 деца се на болничко лекување во болницата „Ст. Патрик“ во Офинсо.

Според полицијата, возачот изгубил контрола над возилото под засега неидентификувани околности.

Првите луѓе на фудбалот во Гана изразија сочувство до семејствата на загинатите млади фудбалери.

https://twitter.com/NanaKwame_Aban/status/1307557014084689922
Постави одговор

Your email address will not be published.