Тревникот на Арената „Тоше Проески” уништен, кој ќе понесе одговорност за неодржување на Aрената?

Изминатите две седмици на Арената „Тоше Проески” се одиграа неколку првенствени и два репрезентативни натпревари. Според прикажаното, очигледно е дека тревникот на нашиот најголем стадион е уништен. Со тоа се согласуваат и прволигашките клубови, но и А – селекцијата на Република Македонија, која на мечот со Израел мака мачеше цели 90 минути.

Спортските работници велат дека во минатото немавме убав и грандиозен стадион, но тревникот редовно бил одржуван и скоро никогаш не бил во незавидна состојба. Сега, по толку години кога Република Македонија конечно доби современ и стадион по светски стандарди, надлежните не ја вршат својата работа и стадионот пропаѓа.

На спортската јавност и е добро познато дека на Арената „Тоше Проески” тревникот е всушност бусен, кој поради дренажата и се што е поставено под него, чини прилично многу. Тоа се средства кои ниту федерацијата, ниту пак Владата мораат да ги издвојуваат за негова смена, само доколку истиот редовно се одржува, односно надлежните ја вршат својата работа.

Власта уште еднаш покажува незаинтересираност и немање желба за инвестиции во спортот, односно не чувствува потреба за вложување во спортот и стремеж кон големи успеси на нашите клубски и репрезентативни претставници.

Постави одговор

Your email address will not be published.