Салиу: Власта ги купи гласовите на Ромите на овие избори

На овие избори се случи масовен поткуп на ромските гласачи од страна на власта. Се нудеше пари но и храна со изминат рок. Со доаѓањето на оваа власт Ромите се ставени на маргините на општество вели во интервју за „Република“ Шабан Салиу, претседател на Демократските сили на Ромите.

Тој вели дека Ромите се случуваат со многу проблеми а најголем е невработеноста.Голем број фамилии немаат ниту еден вработен.Салуи смета дека многу повеќе се направило за Ромите за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ отколку со сегашната.

-На овие избори имаше масовно организиран државен поткуп на ромските гласови.Огромен број на невладини организации од страна на власта беа пуштени на терен секаде каде што живеат Ромите особено во општини, посебно во Средорек во Куманово, Шуто Оризари, Бајрот во Битола, Прилеп.Дури имаше и делење на пакети со изминат рок.Овој пат ромите беа нападнати од ловење на гласови за пари од 1000 денари до 100 евра по гласач.Мизеријата на политичките партии кои тоа го сторија е двострана.Од една страна Ромите не станаа побогати туку посиромашни-објаснува Салиу.

Тој вели дека ромската популација е втора етничка заедница во Македонија и оти со пописот тоа треба да се потврди.

-Согласно последниот попис ние сме околу 50.000 но тоа не ја одразува вистинската состојб.Според нашите анализи и интерни пописи сме од 95 до 120.000 што е сериозна бројка.Постои и обид да се асимилираат ромите како на пример во Струмица.Одговорно тврдам дека сме втора етничка заедница во Македонија после Албанците-вели Салиу за „Република“.

Целиот разговор слушнете го во видео разговорот што го водеше новинарот Игор Чавески.

Извор:Курир.мк

Постави одговор

Your email address will not be published.