Пандов – На Заев и неговата хунта да им биде јасно дека се до нивното паѓање, дерман нема да имаат од улица и протести
Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, изразува задоволност и увереност дека тоа што токму на неговиот прв ден како челник на Институтот, ВМРО-ДПМНЕ организира протест.
Пандов ги повикува граѓаните што помасовно да излезат на протестот и порачува дека на власта предводена од Зоран Заев треба да и биде јасно дека од денеска секојдневно ќе се соочува со масовно граѓанско незадоволство од неправдите во Македонија.
„Морам да бидам искрен со вас, дека баш ништо на светот немаше да ме израдува повеќе од фактот што денес, на првиот ден по моето партиско реактивирање, ВМРО организира протест! Ако по утрото денот се познава, треба да му биде јасно како ден на Заев и неговата хунта, дека се до неговото паѓање, дерман нема да имаат од улица и протести!
Оттука се гледаме вечер во 18 часот пред министерство за неправда, да потсетиме дека во Македонија во 21 век имаме политчки осуденици, каде патриотите и родољубите лежат осудени за тероризам, а терористите и убиците слободно шетаат по земјава!
Браќа и сестри само сплотени и обединети, можеме да се ослободиме од ова зло и терор кој владее со Македонија, никако поинаку! – порачува Пандов.