На Русковска и предизвикале душевна болка и анксизност изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ

Во Граѓанскиот суд денеска почна судењето по тужбата за клевета што ја поднесе шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска против претставници на ВМРО-ДПМНЕ за двата спота од предизборната кампања во кои се појавуваше ликот на обвнителката и се тврдеше дека поднесува обвиненија по нарачка на СДСМ.

Тие предизвикале душевна болка и анксизност кај Русковска и затоа бара 10 илјади евра отштета од лидерот на партијата Христијан Мицкоски, овластениот претставник на изборната коалација, Игор Јанушев, партијата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ и замрзнување на сметката на коалицијата за оваа сума, јавува Телма.

Инаку КУРИР дојде до официјалниот заклучок и вештачењето каде пишува дека обвинителката Русковска во продолжената реакција на стресниот настан (гледањето на спотот) доживува душевно трпење до среден интензитет. Интевизирање се јавува при мисловни обработки и разговор за содржината на спотовите.

Во склоп на душевното трпење присутни се и следните манифестации:

ЛУТИНА кон тужените затоа што со изнесеното во спотовите доживува дека се создава јавно мислење против неа и атак врз нејзините чест и углед. Како и веќе горе наведените Анксиозност и загриженоста и душевната болка.

Експертите кои ги консултираше КУРИР од тука го поставуваат прашањето дали чувството на лутина од страна на Русковска значи и лутина кон целата партија ВМРО-ДПМНЕ?

Дали лутината кон партијата значи и носење на такви одлуки како јавен обвинител во случаите кои ги води токму Русковска против ВМРО-ДПМНЕ?

Значи ли дека лутината која ја навела обвинителката кон партијата е закана за сите обвинети лица кои во изминатиот период ги гони обвинителството на Русковска останува времето да покаже.

Денеска по првото рочиште се огласи и адвокатот Панче Тошковски кој вели дека тужбеното барање на Русковска е неосновано.

-При што морам да потенцирам две работи кои што се битни за нас. Првата работа поради која што цениме дека тужбеното барање во целост е неосновано, е заштитата на членот 10 од Европската Конвенција за човекови права, слободи и права, односно потребата од почитување на правото за слободно изразување на мислата. Особено на критичката мисла која што е насочена кон работењето на државните органи и на власта во Република Македонија. Се поставува прашање што е побитно? Дали јавниот интерес, дали потребата граѓаните да бидат информирани, потребата на граѓаните на Република Македонија да можат да постават одредени прашања во саркастични и провокативна форма?, прашува тој.

-И воедно заштитата на членот 10, или заштитата на приватната репутација на еден јавен функционер која што патем е платена од пари на граѓаните на Република Македонија, извршувајќи ја функцијата како што ја извршува обвинителката за организиран криминал, заклучи Тошковски.

Постави одговор

Your email address will not be published.

ZBOR.COM.MK