Лозарите излегуваат на улица, трудот не им е платен, власта ги игнорира

Маката на македонските земјоделци никако да престане. На само неколку дена пред почетокот на бербата на грозјето, лозарите не знаат што ќе ги снајде.

Нивна проценка е дека се соочуваат со најголема неизвесност кога е во прашање откупот на грозје, но и цената на грозјето бидејќи како што кажуваат винарските визби се уште немаат утврдено цена за двете најзастапени сорти, вранец и смедеревка.

-Цената мора да биде реална, четири години се соочуваме со оваа мака, власта не го ценат нашиот труд, нас не понижуваат, а тие се богатат. Цела фамилија ми работи со грозје, никој не е вработен, ова ни е единствен приход, ќе претрпиме за леб ако вака продолжат, вели еден загрижен земјоделец и додава: „ние имаме трошоци, замислете работната сила ќе не чини од 3 до 4 денари по килограм, ако ни дадат 9 денари како што се шпекулира низ чаршијата ова ќе значи крај за нас, догодина не ги работиме лозјата“.

Информациите велат дека оваа година е плодна и се очекуваат да се набере и над 100 милиони килограми грозје од Тиквешијата.

Лозарите, се закануваат дека ќе излезат на улица доколку Владата продолжи да го игнорира проблемот за сигурен пласман и реална цена на грозјето.

Постави одговор

Your email address will not be published.