Жугиќ: Денес требаше со пеперутки во стомакот да истурам чаша вода по син ми Ахил, ама да бевме нормална држава

1ви септември,

Син ми Ахил требаше да го започне своето средно образование, требаше со пеперутки во стомакот да истурам чаша вода по него додека излегува од дома, за арно, за убаво и лесно да му е, со нетрпение да очекувам пораки на вибер дали е со другарите од основновно во исто одделение, па кој му е класен/класна, па со кого во која клупа и редица седнал…денес требаше да биде празник во мојот дом, оти “знаењето е сила, знаењето е моќ” е максима во моето семејство генерации наназад.

Требаше….требаше…и ќе беше, да бевме нормална држава, која се грижи за образовниот систем како за најдрагоцениот темел на кој почива иднината.

Со ваква држава треба да се плашиме за иднината на младите❗️

https://www.facebook.com/jelena.zugik/posts/10222752911313935
Постави одговор

Your email address will not be published.