Денеска сончево и топло- еве какво време не очекува утре за неработниот ден во земјава

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 17 степени, а дневната од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер.

Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната до 32 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Постави одговор

Your email address will not be published.