Владата создава хаос- уште едно дете заразено со КОВИД-19 во градинка

После воспитувачките во Битола и Свети Николе, како и 15 месечното дете во Скопје, вчера беше забележан уште еден случај на дете позитивно на коронавирус во струмичка градинка.

Упатените во овој проблем велат дека е можно ваквата состојба да се должи на неподготвеното однесување на Владата, а тоа подразбира избрзано отварање на градинките без соодветни протоколи и скрининг на вработените.

Од Владата наместо да ги амортизираат последиците од ваквата одлука, убедуваат дека тука нема место за паника, бидејќи одлуките се носат врз основа на сериозна анализа за безбедноста на децата во градинките, во консултација со Комисијата за заразни болести.

Владата го игнорираше предлогот на Комисијата за заразни болести за родителите на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство да останат дома до крајот на годината, па се донесе одлука на 23 септември тие да се вратат на работа.

Поради ваквата одлука, вчера овие родители излегоа на протест пред Владата. Тие бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината, а според нив во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца. Петицијата ја потпишале 3.325 мајки.

Но, покрај овие случувања од Владата не попуштаат и остануваат на одлуката дека овие родители треба да се вратат на работа.

Така, вчера Владата излезе и со соопштение во кое се наведува дека будно ја следи состојбата во градинките и оти нема место за паника, како и дека останува на одлуката родителите на децата до шестгодишна возраст и оние кои беа на продолжено породилно боледување да се вратат на работа на 23 септември.

Од друга страна постојат и низа на дилеми со евентуалниот почеток на новата учебна година кој е најавен за 1 октомври. Иако сѐ уште не започната учебната година веќе се појави случај на заразена вработена. Дури и самиот Филипче вели:„ Ние подготвивме проток но оставивме да видиме како враќањето на животот во нормала ќе се одрази на епидемиолошката слика“.

Но, тука не можат да се демантираат фактите дека сите земји на некој начин после првиот бран на заболени успеаа да се вратат во нормала, но во Македонија под изговор дека ни требаат стабилни и функционални институции кон крајот на мај и почетокот на јуни влеговме исклучиво во политички активности за оддржување на изборите. На 15 јуни се оддржаа, но по изборите не се стартувашре со активности за формирање на Влада и како што велеше Заев да се формираат стабилни институции, туку сите заминаа на одмор. Одморот очигледно им служеше да бидат свежи за политички комбинаторики, а не да почнат со реализација на ветеното и функционалност на институциите.

Кон крајот на август беа „затекнати“ од стартот на учебната година и поради неработењето, мораа да го одложат истиот. Во контекст на ваквата ситуација ресагираат сите, и вработените во градинки и училишта. Така вработена во градинка вели дека немало никакви припреми пред отворањето на градинките, туку само им биле доставени протоколите без притоа да се види дали истите се применливи и ефикасни .

„Пред да ја отвориме градинката во која што работам немавме јасни насоки ниту обука за работа со дец се што ни кажаа беше во последен момент затоа сега ставуваме и за нашето здравје и за здравјето на децата кои ги чиваме“, вели вработена во една скопска градинка.

Постави одговор

Your email address will not be published.