Апел за помош на Игор Пармаковски кој боледува од Morbus Crohns

На Игор Пармаковски му е потребна Вашата помош. Тој е роден во Битола, а беше дел од Националата опера и балет.

Игор со години се бори со Кроновата болест, а моменталната негова состојба е критична.

„Неговата телесната тежина изнесува 39 кг и има потреба од парични средства за да се оперира во најбрз можен рок. Ве молиме, кој колку што има, и најмалата донација ќе биде добредојдена и е потребна. Доколку сакате да донирате на оваој линк а се наоѓате во Македонија, можите да донирате иако е сумата до долари. Макар и еден долар да донирате, нас многу ќе ни биде потребен. Во меѓувреме, се обидувам да отворам сметка за донации и во Македонија, доколку некој знае да ми поможи да се обратите до мене во директна порака. Ви благодарам од се срце!“, испрати порака преку социјалните мрежи неговата внука, Стефани Талевска.

Игор Пармаковски ми е другар, колега бивш цимер.Потребни му се средства за операција.Ве молам, ВЕ МОЛАМ да помогнеме кој колку може затоа што се работи за живот.Донирајте и споделете… напиша Игор Дурловски на својот фејсбук профил.

https://www.facebook.com/igor.durlovski/posts/3770792676272615
Постави одговор

Your email address will not be published.