Коалицијата Алијанса-Алтернатива размислува за бојкот на Собранието
12 пратеници на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива размислуваат за бојкот на Собранието поради неисполнувањето на ветувањето од страна на ДУИ дека идниот премиер ќе биде Албанец.
Оваа идеја првично ја објави генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи кој рече дека овој предлог ќе го достави до раководството на партијата.
Идејата на Реџепи ја поддржуваат и од Алијанса за Албанците од каде велат дека ќе ја разгледуваат и одлучуваат во текот на следните денови.
„Идејата на Реџепи е една од можните опции и тоа е многу логична идеја“, вели Таравари за ТВ21.