Што се им даде Заев на оние што „не вредат пет пари“, за устоличување на коалицијата
Многу јасно беше дека Зоран Заев по секоја цена ќе ја состави владата со единствена цел да се избегне одговорноста за лошото и криминално владеење минатите три и пол години, колку што и беше јасно дека Али Ахмети ќе отстапи од инстистирањето за Албанец за премиер користејќи го трикот од капањата со иста цел – да е остане на власт, а со тоа да се забошотат сите дубиози на функционерите на ДУИ, анализира Нетпрес.
Дека старо-новата коалиција на СДСМ и ДУИ е само сојуз за спасување од одговорноста за криминалните активности и пустошењето на државната каса, го потврдува и фактот што преговорите меѓу Заев и Ахмети се совпаднаа со две големи афери. Онаа во која министерката за финансии на Заев го извлече својот депозит од „Еуростандард банката“, и покрај тоа што како член на телото централната банка во коешто се инпсектира домашниот банкараски систем не можела, а да не била запознаена со тоа дека на банката ѝ претстои стечај. И ако обвинителството смета дека не станувало збор за кривчно дело, иако станува збор за злоупотреба на инсајдерска информација до која се доаѓа благодарејќи на функцијата, во најмала рака се работи за крајна неетичност. Или што би рекол народот „ни срам, ни перде“.
Меѓутоа, истовремено тоа покажува каков кадровски потенцијал избрал Заев и оти ваквото неетично, или бесрамно однесување, станало преовладувачка одлика на социјалдемократските функционери. Истовремено, со значително количество кокаин беше фатен директорот на скопско јавно претпријатие, исто така, кадар СДСМ. Во Охрид, пак, локалниот челник на ДУИ во мафијашко-гангстерски стил си ја делеше сопствената правда.
Целата анализа можете да ја прочитате на Нетпрес.