Трамп бара допинг тест пред дебатата со Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе побара допинг-тест пред дебатата со Џо Бајден, затоа што има сомнежи за здравјето на неговиот противник од редовите на демократите.

Без да презентира докази за тоа тврдење, Трамп во интервју за „Вашингтон егземајнер“ рече дека бил заинтригиран од ненадејното подобрување на настапите на Бајден (77) во дебатите на предизборните митинзи на демократите.

Како што јави Би-Би-Си, Трамп изрази изненадување од успехот на Бајден во последната дебата со Берни Сандерс во март.

– Го набљудував на дебатите со сите тие луѓе. Не знам како можеше да биде некомпетентен, а против Берни беше во ред, рече Трамп.