Oтворено писмо до Амбасадите во Македонија испратив (објавен во порталот Курир на 04.08.2020г, oд мојата книга Трулежот на системот во Македонија.) со кој ги запознав за невладеење на правото, правната држава на извршната,законодавната и третата власт судска и јавно обвинителска.
Практиката покажува дека судството, како и јавното обвинителство во Република Македонија е корумпирано, зависно од политичките партии на власт, односно подпаѓа под влијание на извршната власт. Има селективен пристап и не обезбедува правна сигурност и дискриминација на донесените одлуки. Што не е европска обвинителска пракса. Како што наведов запознати се амбасадите во Македонија, невладиниот сектор во Македонија и други. Истото ќе биде доставено и до повисоки судови во Европа.
Дека е тоа така, го потврдува најновото известување од страна на Советот на јавни обвинители на РСМакедонија ПО.бр.53/20 од 05.08.2020г. Имено, од моја страна е побарано до Основното јавно обвинителство Тетово, до каде е истражната постапка по предметот 1395/19 од 4.07.2019 година, поради постоење основано сомнение дека се злоупотребени парични средства од страна на носители на јавни функционери именувани од Владата. Имено, министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули сите од Универзитетот Тетово – Правен факултет. Тие во периодот од нивното стапување на функција имаат користено средства по основ на договори за давање интелектуални услуги на Универзитетот Tетово на Правниот факултет, преку Македонската авторска агенција А.Д. Скопје, што е спротивно на Законот за високо образование и Законот за Влада. Тоа е констатирано и од страна на ДКСК, како и од страна на Управата на финасиската полиција.
Од Управата за финансиска полиција сум известен, дека, споменативе јавни функционери незаконски добиените парични средства ги зеле, но отпосле, по откривањето на сканадалот, ги вратиле на Универзитетот Tетово. Со тоа си го признале образовнот криминал. Од страна на Управата на финансиска полиција е доставен предмет до Јавното обвинителство Скопје за понатамошна постапка до Основното јавно обвинителство Тетово. Од страна на ОЈО – Тетово, ме известуваат дека е оформен предмет КО. бр.516/19 и за истиот предмет се постапува. Имено на 1.10.2019 година од страна на Управата за финансиска полиција до ОЈО Тетово е доставен посебен извештај бр.17-2115/9 од 27.09.2019 година, постапката по однос на овој предмет е во фаза на предистрага, се преземаат мерки и сите дејствија по однос на предметот, а во меѓувреме се чека на преставник од Универзитетот Тетово за да биде сослушан во својство на сведок во ОЈО Тетово…а за тоа време согласно законот за кривична постапка благовремено ќе бидам известен за донесената одлука. Поминаа повеќе месеци од Јавниот обвинител Басир Алиу од ЈО-Тетово нема никаков одговор. Може да претпоставиме што се чека, иако согласно законот за кривична постапка е јасно и чисто. Сите индиции укажуваат дека има големи притисоци од некои јавни обвинители од Вишото јавно обвинителство, како и од политичката партија ДУИ која е во Власта. За сето тоа очекувам одговор од Советот на јавни обвинители, поконкретно од претседателот на советот кој е заведен предмет преставка РОбр.53/2020. На потег е претседателот.
Мојата констатција дадена во книгата за работата на јавното обвинителство, се потврди со добиеното известување од страна на Советот на јавни обвинители на РСМакедонија, РО бр.53/20 од 05.08.2020г. известуваат, цитирам:„ … На ден 16.06.2020 година во просториите на ВЈО Гостивар е одржан стручен колегиум а по барање на Основен јавен обвинител на ОЈО Тетово и јавниот обвинител кој постапувал по предметот и по нивното реферирање за превземените дејствија за утврдување на наводите наведени во кривичната пријава како и доказите прибавени од страна на јавниот обвинител и по увидот на списите од предметот, беше донесен едногласен заклучок дека треба да се донесе решение за отфрлање на кривичната пријава поради тоа што пријавените кривични дела не се кривични дела за кои гонењето се превзема по службена должност ниту пак во дејствијата на пријавените (министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули сите од Универзитетот Тетово – Правен факултет) има елементи на некое кривично дело за кое се гони по службена должност… ова го донесува член на советот на јавни обвинители Арбер Исаку/ Arber Isaku)“.
Самиот овој факт, ја потврдува констатацијата од мојата книга „ Трулеж на системот во Македонија“, дека институциите се корупирани, невладеење на правото, владеењето на криминалот и корупцијата во овој наш хибриден општествен систем, зависни од политичките партии, во конкретниот случај од партијата ДУИ. Наместо овие функционери министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули сите од Универзитетот Тетово – Правен факултет, од морални причини да си поднесат оставки, и да дадат пример, Советот за јавни обвинители постапуваат согласно партиски влијанија, испраќаат порака дека „функционерите можат да крадат, ако ги фатат, можат да ги вратат парите и нема никаква одговорност“.
Каде е моралноста на овие функционери или моралноста на министерката за финансии Нина Ангеловска или лагите на Заев,Оливер Спасовски или зошто се крие предметот за „Водството на Она“ и нивниот командат Абаз(Али Ахмети). Како граѓаните да веруваат на овие институции Јавно обвинителство, судство. Кога функционерите вака се однесуваат криминално. За каков ветинг ќе се залага оваа влада. Во овој трулеж на систем. На овие наши трулежи, нека им послужи примерот на постапката на италијанскиот министер за образование Лоренцо Фјорманоти кој поднел оставка откако Владата на Италија не успеала да издвои повеќе средства за училиштата и факултетите во буџетот за следната 2020 година. Иако не по негова вина, овој нормален министер од МОРАЛНОСТ си поднесува оставка, за разлика од овие нашиве.
Како што вели италијанскиот министер во оставка:„ Ја прифатив оваа функција само со една цел, а тоа е радикално да ја сменам болната состојба во која со децении се наоѓаат училиштата, факултетите и истражувачките установи.Истакнува дека Владата немала доволно храброст да инвестира адекватни средства во неговиот ресор доколку трошоците за образованието не бидат зголемени за најмалку три милијарди евра“. Како што самиот министер истакнува дека: „ Во минатогодишниоѕт извештај на Европската комисија за образование се наведува дека Италија за тој ресурс троши помалку од останатите замји членки на ЕУ и постигнува полоши резултати, затоа постои опасност во следниве десет години да остане без еден милион студенти“.
После ова што да се каже, нашиве министри не само што го немаат тоа чувство, а тоа го потвдија на повеќе наврати, незаконско унапредување во повисоки наставно-научни звања, па заземаат места во образование или сега пратеник или оној во внатрешни работи заедно со Оливер Спасовски, за каков криминал ќе се борат кога самите се нечесни. Се борат за своите лични интереси. Состојбата во Македонија е алармантна на сите полиња криминал,корупција рекети и слично.
На крај, донесениот Закон за јавно обвинителство и Закон за Совет на јавни обвинители, мислењето на експертите се дека: „ Законот има промашени работи…полн со будалаштини, вакви екскурзии се непримерни…“ така при избор на јавни обвинители за гонење на организиран криминал и корупција, ќе биде одлучувачка етничката припадност, а не стручноста и способноста. Тоа е тежок удар врз владеењето на правото и правната држава.
За сето ова напред наведено ќе биде доставено до сите надлежни странски институции, пратениците, невладиниот сектор во Македонија и до новинарските куќи.
М.З. За една седмица ќе се огласам до Уставниот суд на Р.Македонија, со барање одговор од уставниот судија Осман Кадриу до каде е постапката бр.128/19 од 16.09.2019г. а во врска Иницијативата за оценување на уставноста на Законот за високо образование(Сл.весник на РМ бр.82/2018). Зошто се молчи.
ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ виш просветен инспектор