Останува забраната за организирање свечености свадби, матурски, крштевки во угостителските објекти
Останува забраната за организирање свечености со музика односно свадби, матурски, крштевки и слично во угостителските објекти со цел да се спречи ширењето на Ковид -19.
Ваква одлука денеска донесе Владата, односно таа на седница го усвои мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работа на угостителските објекти.