Ни денеска не се донесе конечна одлука за градинките
И овој ден помина без конечна одлука кога градинките ќе почнат со работа. Министерот Филипче пред два дена најави дека најверојатно денеска ќе биде дефинирано како ќе функционираат претшколските установи, но решение се уште нема.
Вработени во градинките овие денови ги чистат занималните, дезинфецираат а во некои објекти и реновираат. Официјална одлука се уште нема, но и да почнат со работа едно е сигурно – засега уписи на нови деца нема да има.
Од труд и социјала велат дека одлуката треба да ја донесе Владата а тие како министерство со Комисијта за заразни боелсти ги донеле протоколите кои се усвоени уште на 29ти мај. Велат дека приоритет во овој период за за посетување на градинка ќе имаат децата на самохраните родители и деца на двајца родители кои се вработени и за тоа ќе донесат потврда во установата, а рокот за тоа истекува утре.
Од Министерството објаснуваат дека од самата градинка ќе зависи дали ќе врши нови уписи во зависност од просторните капацитети.