Владата на СДСМ денеска ги задолжи граѓаните за нови 38 милиони евра
Владата предводена од СДСМ денеска граѓаните ги задолжи со нови 38 милиони евра. Имено денеска се одржа аукција на државни записи и обврзници со која државата се задолжи за 2 милијарди и 300 милиони денари.
Откако изминативе 4 месеци Заев и СДСМ не задолжи со над една милијарда евра, денеска тоа задолжување се зголеми за нови 38 милиони евра.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период обвинуваа дека тие пари наместо за проекти, завршиле за предизборен поткуп.