Чулев – МВР е заложник на политички игри, а вработените жртви на политичките пресметки, одмазда и реваншизам

На нешто повеќе од еден месец по завршување на изборите, за жал морам да констатирам дека Министерството за внатрешни работи е заложник на политички игри, а вработените во оваа институција се жртви на политичките пресметки, одмаздувања и реваншизам. Денес Министерството за внатрешни работи е политички заробена институцијата, повеќе од било кога. Ниту една реформа која се спроведе во минатото за жал не успеа да ја отргне политиката од оваа важна и значајна институција, која треба да биде гарант и заштитник на безбедноста на државата и граѓаните, пишува на Фејсбук доскорешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој вели дека изминатиот период, интензивно е во комуникацијата со колеги од Министерството за внатрешни работи и тие често го информирале дека трпат сериозни политички притисоци, а истите информации ги добивал и од членовите на неколкуте полициски синдикати.

-Сведок сум на неколку десетици примери каде вработени во Министерството за внатрешни работи тенденциозно и злонамерно се деградирани и распоредени на работни места кои што не се соодветни со нивната стручна и физичка подготвеност, а има и случаи каде вработените се упатувани на работни места кои се повеќе од 50 километри одалачени од местото на живеење. Па така вработен од Куманово се распоредува на работно место во Матејче, вработен од Охрид во Струга, колега од Кавадарци се распоредува на работа во Прилеп, а раководно лице од Прилеп е прераспоредено на работа во Битола, а тие со место на живеење во Битола се распоредува на работно место во Македонски Брод. Конкретните примери говорат за деградирање на професионалци со сериозно и значајно искуство во работата, со голем број меѓународни и домашни обуки позади себе и исклучителни резултати во работењето, пишува Чулев.

Според него факт е дека станува збор за постапки кои се спротивни на законските прописи во државата и од тие причини ги поттикнувам колегите овие одлуки да ги оспорат пред надлежните институции и своите права да ги бараат пред соодветни органи.

-Но, истовремено ги поттикнувам за сите овие случаи да ги информираат преставниците на меѓународната заедница во нашата државата, а нив ги повикувам јавно да ги осудат постапките кои се спротивни на заложбите за професионализација и деполитизација на полициските структири. Апелирам до полициските синдикати да ги осудат сите постапки кои се спротивни на законот за полиција и законот за внатрешни работи и цврсто да застанат во одбрана на правата на вработените. Професионална и одговорна полиција која ќе ги штити граѓаните се гради исклучиво со професионален, одговорен и чесен пристап. Политичките поделби и реваншизмот да го оставиме за во сообранието и во медиумите каде политичарите ја водат таа „битка“. Евроатланските процеси и нивното успешно завршување бараат цврст, одговорен пристап при менаџирањето на оваа значајна институција која ќе ги штити граѓаните и која ќе води бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција, нагласува Чулев.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/186688832857919
Постави одговор

Your email address will not be published.