Wednesday, December 6, 2023
домаВЕСТИПриведен организатор на протестите против поскапувањето на струјата

Приведен организатор на протестите против поскапувањето на струјата

Доцна синоќа во Тетово опожарени се две возила на ЕВН. ТВ21 беше на местото на настанот, а инцидентот го потврдија и од МВР од каде велат дека пожарот бил предизвикан со запалива течност.

Возилата целосно изгореле, а од пожарот било зафатено уште едно возило со тетовски регистарски ознаки.

Воедно, од МВР информираат дека на информативен разговор во полициска станица во Тетово бил приведен Кренар Османи, кој е организатор на протестите против поскапувањето на струјата.

Тој за ТВ21 потврди дека бил приведен и задржан во полициска станица до раните утрински часови.

Според Османи поднесена му е кривична пријава, само заради тоа што напишал статус „Сакате игра, и ние ќе ја играме играта“.

Како што вели тој, кривичната пријава е за опожарување на двете возила, а целиот случај ќе продолжи во судска постапка.

Од ЕВН го осудија овој инцидент и како што велат, по ова ќе ја зголемат безбедноста на своите вработени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

последно додадени

последно коментирани