ЗДРАВ РЕЦЕПТ ЗА СЛАДОЛЕД ОД ЈАГОДИ ЗА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ОВА СЛАТКО ЗАДОВОЛСТВО

Сладоледот е омиленото слатко задоволство на сите , но посебно на најмладите.  Но овој рецепт ви дава можност да уживате во неговиот вкус кога и да посакате, а притоа тоа да не влијае на вашата линија. Пробајте го овој здрав рецепт за сладолед во кој можете да уживате секојдневно.

Потребни состојки:

  • 300 грама јагоди
  • 200 милилитри кокосово млеко
  • Прстофат ванилин шеќер
  • 3 лажици мед

Пред да почнете со подготовката на сладоледот, ставете ги сите состојки неколку часа во фрижидер.

Исчистете ги јагодите, пресечете ги на половина и ставете ги во блендер. Додајте ги кокосовото млеко, ванилата и медот. Добро изблендирајте додека не добиете кремаста смеса.

Смесата можете да ја ставите во посебни калапи за сладолед или во кутија. Ставете ја во замрзнувач и оставете ја додека не замрзне.

Постави одговор

Your email address will not be published.