Во Куба почнуваат клиничките испитувања на вакцината „Суверенитет 01“ против Ковид-19

Следната недела ќе почнат клиничките испитувања за потенцијалната кубанска вакцина против Ковид-19, а резултатите од тие тестови ќе бидат достапни во февруари следната година.

Според Си-Ен-Ен, вакцината наречена „Суверенитет 01“ ќе биде тестирана врз 676 лица, на возраст од 19 до 80 години, а истражувањето ќе заврши до 11 јануари 2021 година.

На развојот на кубанската вакцина работи тим од истражувачи од државниот институт Финли во Хавана.

Постави одговор

Your email address will not be published.