Проектот “Обнова на Македонија” на ВМРО-ДПМНЕ претставен во моќно видео

ВМРО – ДПМНЕ на претстојните Парламентарни избори ќе се претстави и ќе понуди прецизен , реален и остварлив проект за сите граѓани на Република Македонија.

 Погледнете го и запознаете се со проектот Обнова на ВМРО-ДПМНЕ ! Носителите на листите заедно со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  за момент ќе ве инспирираат да ја замислите Македонија со :

  • нови регионални , магистрални и локални патишта.
  • Македонија правна држава со успешна економија
  • Реновирање на училишта, клинички центри како и повисоки плати на просветните и здраствените работници
  • Силни инвестиции во културата
  • 25% повисоки плати
  • 20 % повисоки пензии

“Македонија врз цврсти темели! Да живееме исправено! Правдата во Македонија ќе дојде со обновата.” – ветуваат носителите на листата на ВМРО-ДПМНЕ.

“Проектот „Обнова“ е правен од најдобрите, прецизен, реален и остварлив. Правен со добра мисла и најдобра намера. Правен од срце и за Македонија. Затоа со срце на терен, да се исправиме, да се избориме обновата да победи, и да донесеме повеќе за секого и повеќе за Македонија” . –  апелира Претседателот Христијан Мицковски

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1594853037356816