Неодолива пита со спанаќ лесен рецепт за летото

Нежните фиданки на младиот спанаќ искористете ги за приготвување вкусни домашни пити. Во комбинација со свиленкасто тесто и сирење, тоа ќе биде вистинско гурманско задоволство.

Состојки:

За тестото:

• 250 г бело брашно

• 1/2 лажиче сол

• 160 мл вода

• 4 г сув квасец

За филот:

• 1 страк праз

• 300 г млад спанаќ

• 150 г овчо сирење

Приготвување:

Прво се меси тестото. Во сад се соединуваат брашното, солта и сувиот квасец, па се меша. Се додава водата и се меси мазно тесто. Се остава да отстои 5 мин.

Потоа се продолжува да се меси тестото уште 5 минута, додека стане мазно и еластично. Се става на набрашнета крпа, се прекрива со влажна крпа, па се остава да мирува 30 мин.

За тоа време се приготвува филот. Празот се чисти и се сечка на крукчиња, па се пржи на малку масло. Се става младиот спанаќ и се пржи додека овене. Јајцата се матат пенесто, па се соединуваат со милерамот, се додава пржениот и исцеден спанаќ и се меша.

Сирењето се сечка на коцки, моцарелата на листови.

Отстоеното тесто се сука во поголем круг. Плехот се обложува со хартија за печење и во него се става тестото, така што краевите на тестото ќе преминуваат преку рабовите на плехот.

Преку тестото се посипува 100 г овчо сирење, а потоа се нанесува филот од сирење и спанаќ. Краевите на тестото се превиткуваат кон средината и малку се туткаат.

Средишниот дел на филот се посипува со преостанатото овчо сирење и се распоредуваат листовите моцарела. Се пече во загреана рерна на 200°С, додека зарумени тестото.