Дурловски: На 15 јули ќе ја пишуваме историјата бидејќи историјата ја пишуваат победниците“
Игор Дурловски, носител на листата на кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5 денес од Кичево на граѓаните им порача дека македонскиот народ и покрај бурните премрежја секогаш излегувал посилен.
„Македонскиот народ се спротивставува на неправдата, понекогаш со молк знае да победи, затоа сум убеден дека Кичево ќе се спротивстави на она што бевме сведоци во изминатите три години. Доста е од таа арoгaнација кон народот потценувајќи се што е македонско. Сега се решава историското прашање или си со Македонија или си против. Мора да си ја земеме судбината во свои раце. Од 15 јули ќе ја пишуваме историјата бидејќи историјата ја пишуваат победниците“, рече Дурловски.
Според него сериозните проблеми бараат сериозен пристап, но и чесни луѓе, кои како што рече ги препознал во ВМРО-ДПМНЕ.„Ни треба сигурна иднина, секако ни треба да живееме во држава во која ќе има да има одговорност од секого за направеното. 15 јули е денот кога одлучуваме за нашата иднина, ден од кој зависи нашата иднина, треба сплотени и единствени да покажеме како се сака Македонија. Нема компромиси по прашањето Македонија, на овие избори ќе победи народот, ќе победи Македонија“, рече Дурловски.